Ден на Планетата Земја

Главната цел на настанот беше да се вклучат младите од локалната заедница и да се подигне свеста за важноста на заштитата на планетата преку работилници за надградба.

Активности:

  • Креативна уметност со рециклирани материјали: Учесниците користеле пластични шишиња и материјали од природата, како лисја, камења и кора од дрвја, за да создадат уметнички предмети. Оваа активност промовираше рециклирање и креативно изразување врз основа на одржливост.
  • Развивање на идеи за заштита на планетата: Учесниците размислувале и развивале идеи за заштита на планетата Земја. Оваа активност ги поттикнала младите да размислуваат за важноста на одржливост и одговорност кон животната средина.
  • Образовна работилница за подигнување свеста: Присутните биле образовани за значењето на заштитата на животната средина и одржливи практики. Оваа активност помогнала во подигнување на свеста и образование на учесниците за влијанието на човековите постапки врз природата.

Целната група на работилницата “Уметност за животната средина” организирана од Сфера Интернешнал во Младинскиот центар Битола беа млади лица и младински активисти од локалната заедница. Овој настан беше насочен кон млади луѓе кои беа заинтересирани за уметност, заштита на животната средина и одржливост.На работилницата учествуваа 5 учесници.

Учесниците изработија неколку уникатни дела од рециклирани материјали исто така беше подигната свеста за заштита на планетата Земја.

Scroll to Top