КАМП #SDG1

Име на активноста: КАМП#SDG1
Програмска цел СЦ6: Зајакнување на еколошката свест кај младите и промовирање
на чиста животна средина
Времетраење повеќекратно 21-26.09.2023
Цели на оваа програмска цел: Младите активно се вклучени во работилници со
совети, едукации и во акции за зачувувањето на еколошкиот живот во Битола
КАМП#SDG1
49
Активности: Првите три дена од кампот беа за запознавање со материјата,
продлабочување на знаењето за целите на одржлив развој, со посебен акцент на
13тата за климатските промени. Следните два дена беа на отворено во Градскиот
парк кој беше едногласно избран од сите учесници како место соодветно за учење за
животната средина преку настава во природа. Активностите секој од деновите траеа
по 3-4 часа со комбинација од работилници и вежби.
Целна Група: 11 млади под менторство на младински работник од МЦБ
Постигнати Резултати: Обучени млади луѓе со знаење и информации за зачувување
на животната средина, климатските промени, урбаниот транспорт. Учесниците имаа
можност да волонтираат во организирање настан за јавноста на оваа тема.

Scroll to Top