Интеркултура Вечер 02.09.24

фантастичен вовед во турската култура, на настанот кој го одржавме во МЦБ минатата недела. Вечерта беше исполнета со вкусна храна, вклучително лахмаџун и сутлијач подготвени од волонтерите на Сфера кои доаѓаат од Турција, како и муцвер, ќофтиња од леќа и алва – сите направени со љубов од тимот на волонтерите.

Исто така се презентираше турска музика и традиционални танци  како зејбек, халај и анкарски народни ора пред нашата прекрасна група од 20 гости. Тоа беше ноќ со одлична храна, забавни танци и живи разговори кои им помогнаа на сите да се поврзат со турската култура.

Scroll to Top