МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР БИТОЛА

Клуб за Дигитално Образование

Целта на соработката меѓу HP и ИМКА е да се користи технологијата на добар начин, да се постигне дигитална инклузија преку овозможување пристап до технологија и дигитално образование до секој на лесен и интересен начин. Курсевите се направени од експерти во своите области од компанијата HP а спроведувани од младински работници на ИМКА. Сметаме дека овие курсеви се корисни за додавање вредност на наставниот план по информатика во училиштата, како и за практична употреба во нашето секојдневие.

Курсевите се кратки во траење од 20 до 50 минути во пет теми со по неколку курсеви во секоја од нив. Истите се лесни, интерактивни, исполнети со кратки видеа, дијалози, слики и квизови. Понудените курсеви се од темите: комуникации, финансии, логистика, маркетинг и стартапи/иновации.

Стартап, Иновации

  • Почеток на мал бизнис
  • Дизајн - размислување
  • Стратешко планирање
  • Социјално претпиемништво
  • Циркуларна економија
  • 3D печатење
  • Мотор за развој на вашиот бизнис
  • Мајндсет за успех
  • Ефикасно лидерство

Комуникација

  • Деловна комуникација
  • Ефективни презентации
  • Деловни е - пораки
  • Презентирање податоци

Финансиска писменост

  • Основи за финансии
  • Добивка и загуба
  • Готовински приливи
  • Планирање продажба
  • Наоѓање продажба

Маркетинг

  • Социјални медиуми
  • Предлог за уникатна вредност
  • Ефективни веб страни
  • Управување на односи со клиенти
  • Маркетинг бенефити и карактеристики
  • Поставување цени
  • Онлајн продажба
  • Вашата целна група
  • Уметност на продажба (основи на продажба)

Логистика

  • Управување со инвентар
  • ИТ за успех на бизнисот
  • Вработување персонал
  • Аналитика на податоци
  • Вовед во дигитални деловни вештини

Секој курс содржи 5 чекори: краток опис на курсот, бизнис концепт, вештини за технологија, анкета и дополнителни ресурси од темата. Откако ги завршите сите 5 чекори (100%) курсот е успешно завршен. За секој завршен курс на вашиот е-маил добивате електронски сертификат со наведени информации за конкретниот курс, што се научило во истиот, дата на изучување и потпис од заменик директорот на HP фондацијата. 

Секој курс се изучува индивидуално во ИМКА во Младинскиот Центар со целосна техничка опрема од наша страна. Алтернативно постои можност за спроведување на курсевите во просториите на образовните институции во Битола. Учесникот нема обврска за носење опрема, посебни предзнаења за одредена тема или услови за изучување на одреден број на курсеви.

Курсевите се со отворени термини каде може СЕКОЈ ДА СЕ ПРИЈАВИ, како и резервирани термини понудени за групи/институции кои работат со млади. Групите се ограничени до 10 учесници на курс. Курсевите се: потполно бесплатни за секој со функционален емаил, средно познавање на англиски јазик и желба за учење и надградба на своите знаења.

Пријави се и биди дел од клубот на дигитално образование.

Scroll to Top