Обуки за ментално здравје

Име на активноста: Обуки за ментално здравје во МЦБ
Програмска цел
СЦ3: Развој на личните компетенции на младите и претприемничкиот дух
СЦ4: Поддршка на менталното здравје и промовирање на здрави животни навики
Времетраење повеќекратно [5 активности во Ноември, 11 активности во Декември]
на следниве дати:
21,23,28,30.11.2023
5,6,11,12,13,14,19.12.2023
Цели на овие програмски цели: Младите активно се вклучени во Работилници /
дискусии за подобрување на своите знаења за менталното здравје како и стекнување
компетенции за држење на врснички едудкации; Младите и стручните лица од
образовните институции (психолози, педагози, социјални работници) активно
соработуваат на работилници/дискусии во насока на подобрување на менталното
здравје
Активности: Во Ноември се одржа првиот модул кој се состоеше од 5 работилници на
тема Анксиозност и Депресија. Во Декември се одржа вториот модул кој се состоше од
5 работилници на тема Ризично однесување кај младите, па се одржа третиот модул
од 5 работилници на тема Резилиентност како и уште 1 работилница која беше
рекапитулација на сите теми за оние кои не беа во можност да присуствуваат на
претходните работилници. Сите овие теми беа обработени низ игри, дружба и
дискусии, како и тестови зададени од стручно лице – психолог. Вкупно 16 активности.
Целна Група: 58 млади под менторство на младински работник од МЦБ и стручен
соработник психолог ги поминаа овие три модули
Постигнати Резултати: Обучени млади луѓе со игри и активности за темите
анксиозност, депресија, ризично однесусвање и резилиентност, подигнти нивните
лични компетенции за спроведување врснички едукации, зголемено ниво на свест за
значењето на менталната благосостојба во секојдневниот живот и подобра
опременост за справување со ситуации кои се стресни и кои го нарушуваат
менталното здравје

Scroll to Top