Уметничкиот Клуб (ИМКА)

Завчера, во средата се одржа и арт клубот со Бојана Артиновска. Таа споделуваше од своето знаење вежби и активности кои се прават при подготовка за цртање, како се прават основни линии и форми, а на крајот се заврши со примена на наученото врз стилизирано пишување на буквите од своето име. Учесниците беа креативни во истражувањето на форми и линии преку кои ќе го напишат своето име и беа задоволни од научениот нов пристап при правењето цртежи.

Scroll to Top