Катерина Поповска
Сертифициран Младински Работник со долгогодишно искуство во работа со млади
Преку нејзината работа во НВО Сфера Интернешнал се има стекнато со огромно познавање на различни неформални методи на работа со млади и успешто има имплементирано голем број на иницијативи за личен и професионален развој на младите. Преку нејзиното работно искуство Катерина се има стекнато со лидерски и организациски вештини кои се круцијални при извршувањето на нејзината работа како младински работник во Младинскиот Центар Битола.
Најголеми теми на интерес за Катерина се работа во природа, еколошки теми и користење на уметност за работа со млади.