root

Филмска Вечер 30.07.24

За оваа филмска вечер нашите турски волонтери го претставија турскиот филм „Луѓето на дедото“. Овој филм го опфаќа историскиот период на турската емиграција од Грција за време на падот на Отоманската империја.

Филмска Вечер 30.07.24 Read More »

Уметнички Клуб 18.07.24

Минатата недела се одржа уште еден час уметност како дел од нашиот арт клуб. Тоа беше прекрасен и креативен настан каде додека сликавме, слушавме смирувачка музика. Се обидовме да ги поттикнеме нашите уметнички вештини со нашата креативност. Настанот беше навистина мирна и релаксирачка активност за нашето ментално здравје.

Уметнички Клуб 18.07.24 Read More »

Семинар По Астрофизика

Нашиот волонтер од Грција ги сподели со нас фасцинантните информации за астрофизиката. По меѓуѕвезденото патување, го тестиравме она што го научивме со забавен и информативен квиз. Би сакале да им се заблагодариме на сите што учествуваа и на Алики што ни го даде ова искуство.

Семинар По Астрофизика Read More »

Интеркултура Вечер 04.07.24

Во МЦБ се одржа интеркултурна вечер каде беа претставени топлината на турското гостопримство, се поделуваа јадења како бејти ќебап, кисир и алва, турско кафе и локум. Не беше покусо и споделеното искуство од грчката кујна која ги воодушеби присутнитесо вкусовите на сувлаки, пита, цацики, спанакопита и фета со сусам и мед, како и други традиционални

Интеркултура Вечер 04.07.24 Read More »

Час по Поезија 25.06.24

Отидовме на откритие преку нашата имагинација и вокабулар. Направивме две вежби за да ја зголемиме нашата креативност. Пишувавме песни со дадени наслови, како „несолен путер“ или „налепница“. И пишувавме со неочекувани комбинации на зборови, како мравка, меур и публика. Пишувавме низ нови перспективи и ги споделувавме нашите песни едни со други.

Час по Поезија 25.06.24 Read More »

Час По Германски Јазик 19.06.24

Германска Поезија, разбирање на песните, формирање сложени реченици, пишување и зборување, слушање. Сето ова се случуваше на интенивниот минатонеделен час по германски јазик. Присутни беа и почесните гости (родителите на една од нашите волонтерки од Германија) кои внимаваа на исправноста на наставата.

Час По Германски Јазик 19.06.24 Read More »

Час За Готвење

За овој час по готвење, направивме салата од тестенини, компири спремени на посебен начин и чоколадни колачи, а потоа уживавме дегустирајќи се. Учесниците уживаа во готвењето, а потоа и во заедничкиот голем оброк.

Час За Готвење Read More »

Уметничкиот Клуб (ИМКА) 18.06.24

Минатата недела се одржа часот пза учење како да се црта со визирка во рамките на арт клубот. Овие часови на теми поврзана со сликарството ги одржува Бојана Артиновска. Како правилно се мерат и се поставуваат пропорции во цртеж, како да се поставиме наспрема објектот кој се црта, како да се разбира длабочината на еден

Уметничкиот Клуб (ИМКА) 18.06.24 Read More »

Scroll to Top