Ден На Графичката Уметност

СФЕРА заедно со учениците од Графичка струка – СОУ „Таки Даскало“ – Битола , ги споделија нивните творби, внимателно изработени на тема “Зајакнување на жените”. Поради големата заинтересираност и присуство на голем број на млади луѓе од училиштето, како и нивните професори, изложбата се одржа два денови односно во понеделникот и средата во Млади Хаб Битола. Сите присутни се восхитуваа на делата, уживаа во разговори и беа желни да се вклучат во уште повеќе вакви настани. Покрај делата на учениците, изложбата ќе вклучи и творби од Арт настан на истата тема, што ги обогати присутните со различни перспективи и изрази. Сето тоа ќе биде придружено со коктел и музика, што  го направи настанот уште поинтересен и пријатен за сите.

Scroll to Top