МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР БИТОЛА

Еко Клуб

Целта на Еко Клубот во Младински Центар Битола е да образова и да ја подигне свеста кај младите од локалната заедница за еколошките проблеми и предизвици со кои се соочуваат во нивната околина. Преку различни активности и настани како состаноци, работилници, филмски вечери, пешачки тури, едукации и дискусии, клубот ги поттикнува членовите да бидат активни заштитници на животната средина и да работат за нејзината одржливост. Основната цел е да создаде група на млади еколошки активисти кои се ангажираат во решавањето на еколошки предизвици во градот и околината, како и да ги воспитува на важноста на одржлив животен стил и одговорно однесување кон животната средина.

Состаноци за советување на членовите за еколошките проблеми и актуелни теми за заштита на животната средина.

Работилници за креативни активности како изработка на уметнички предмети од рециклирани материјали и природни ресурси.

Едукации за учесниците за различни аспекти на еколошката заштита и начини за намалување на негативното влијание врз животната средина.

Редовни дискусии и разговори за еколошките проблеми во градот и околината, како и споделување на предлози и решенија.

Придружете ни се во еко клубот.

Scroll to Top