Организиравме интересен настан во Младинскиот Центар. Стануваше збор за прикажување на серија кратки филмови од различни европски земји. Настанот се одржа во простор кој овозможува нова публика да гледа кратки филмови од млади балкански филмаџии. Преку својот наслов „Човечки траги,“ 15-тиот BBB SFF имаше за цел да разговара за животната средина како составен дел од човековата социо-културна реалност и трансформација и да стане платформа за изразување и културен развој.