Јовче Крстески

Сертифициран Младински Работник со долгогодишно искуство во работа со млади

Има завршено психологија на Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Со младинска работа се занимава уште од 2009-та година. Во тоа време започна да стекнува искуства во младинска работа преку интернационалната организација за млади ИМКА. Учествувал на доста семинари, обуки и тренинзи на разни теми – личен раст и развој, лидерство, основи на коучинг, користење на креативното изразување (стрип, цртање и правење видеа) и секако младинска работа. Извесен период помагаше и во организирањето на камповите ИМЛП и ГЛОУ. Во последните неколку години, од кога младинската работа стана и официјално призната кај нас, се стекна со сертификат за младински работник според програмата на Сојузот за Младинска Работа. Тоа беше во 2020, а во 2023 се стекна и со сертификат за кариерен советник според ProfilPASS методологијата на Германскиот Лајбниц Центар за доживотно учење. Сега, покрај редовните работилници и вообичаените активности кои ги подготвуваме во Младинскиот Центар во Битола, секој млад човек може да добие и бесплатна услуга – кариерно насочување! Покрај ова, поседува и сертификат за Гешталт советник.

Scroll to Top